“АЛЕКСАНДАР ГОМЕЉСКИ” ЗА ЖЕЉКО ОБРАДОВИЌ

Наградата Александар Гомељски, која му се доделува на најдобриот тренер во Евролигата за изминатата сезона ја доби српскиот стратег Жељко Обрадовиќ.

За Обрадовиќ ова е девето прогласување за најдобар тренер во европа, меѓутоа е прво кое го добива како тренер на Фенербахче, кој за прв пат во својата клупска историја застана на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Наградата “Александар Гомељски” се доделува на најдобриот тренер по гласање на тренерите од Европа. Второто место го зазема тренерот на Олимпијакос, Јанис Сферопулос, трет е Сито Алонсо од Басконија, а четвртото место му припадна на Шарунас Јасикевичиус тренер на Жалгирис.