АЛЕГРИ ПРОТИВ ВАР-ТЕХНОЛОГИЈАТА

TURIN, ITALY - APRIL 11: Juventus FC coach Massimiliano Allegri shouts to his players during the UEFA Champions League Quarter Final first leg match between Juventus and FC Barcelona at Juventus Stadium on April 11, 2017 in Turin, Italy. (Photo by Emilio Andreoli/Getty Images)

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не се согласува со употребата на технологијата во фудбалот во секоја прилика. Тој во својата изјава рече дека технологијата го упропастува фудбалот.

-Ако сакаме фудбалот да биде спорт кој повеќе не е спорт, ајде да ја користиме технологијата при секој инцидент. Некаде во март, кога секој натпревар ќе биде одлучувачки, средбите ќе траат по 3-4 часа. Технологијата треба да се користи само при објективни ситуации, офсајди, кога топката е на гол линија и сл., но кога станува збор за субјективни ситуации луѓето нема стопроцентно да се согласат со тоа. Фудбалот е таков спорт – вели Алегри.

Јувентус во минатото коло одигра без победник со Аталанта 2-2, а на Манџукиќ му беше поништен гол благодарејќи и токму на употребата на технологијата, бидејќи беше утврдено дека пред постигнувањето на голот, Лихштахјнер направил прекршок врз Гомез.