АЛБАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ГО ОДБРА ПАНУЧИ

Кристијан Панучи е новиот селектор на Албанската фудбалска федерација. АФФ се двоумеше кој од двајцата кандидати, Филипо Инзаги и Кристијан Панучи да го наследи нивниот сонародник, Џани Де Бјаси кој како селектор на Албанија го направи историскиот успех носејќи ја Албанија на ЕУРО 2016, и изборот падна на Панучи.

Според медиумите, сите детали за преземањето на селекторската функџжција од страна на 44. годишниот Панучи се веќе средени, и во текот на денешниот ден се очекува тој да стави потпис на договорот.

Интересно е што токму мечот со Македонија кој на 5. септември Албанија треба да го одигра во Струмица, во рамките на квалификациите за СП во Русија би можел да биде и прв официјален, натпреварувачки за Панучи.