АЛБАНИЈА КАЗНЕТА СО 30 000 ФРАНЦИ

Репрезентацијата на Албанија е казнета со 30 000 франци од страна на ФИФА, поради тоа што нејзините навивачи на натпреварот од квалификациите за СП со Македонија, кој се играше на стадионот “Младост” во Струмица извикувале политички пароли.

Имено, на тој натпревар од групата навивачи на Албанија, постојано беа извикувани политички и националистички пароли како “УЧК”, “Голема Албанија”, “Илирида” …, а освен тоа беше употребувана и пиротехника.

За истите политички скандирања, но без употреба на пиротехника казнета е и Фудбалската федерација на Македонија со 6 000 швајцарски франци.