Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети се сретна со Амбасадорот на Словенија во Скопје г. Милан Јазбец.

Лидерот Ахмети и Амбасадорот Јазбец разговараа околу политичките случувања во Македонија и начинот за излез од оваа политичка и институционална криза.
Г.Ахмети го запозна Словенечкиот амбасадор дека ДУИ има разговарано со главните парламентарни партии за иницирање на парламентарната координација со цел да продолжи и да заврши конститутивната седница на Собранието.
Новоизбраниот претседател на Собранието по завршувањето на таа седница треба да ја информира институцијата Претседателот на државата за новото парламентарно мнозинство и да побара споделување на мандатот за формирање на влада.
Г.Ахмети повтори дека политичката и институционалната криза не треба да се претвори во етничка криза и ги повика сите страни да не придонесуваат во овој поглед.