АБУТОВИЌ ОСТАНУВА ВО ВАРДАР

Извонредниот лев бек на екипата на Вардар, Илија Абутовиќ, го продолжи договорот со Вардар за уште три сезони и ќе остане во таборот на нашиот шампион во ракомет најмалку до 2020 година.

-Абутовиќ е извонреден бескомпромисен борец, кој има претежно одбранбени задачи. Таквата игра во одбраната ја препозна и ЕХФ и го вклучи во изборот за најдобар одбранбен играч во Лигата на Шампиони. Со него бедемот пред нашиот гол останува цврст како и до сега – велат од таборот на Вардар.

Абутовиќ е во Вардар од 2011 фгодина и даде голем придонес во освојувањето на неколкуте шампионски и куп титули во домашниот шампионат, трите титули во СЕХА лигата и трите пласмани на “фајнал фор” натпреварите.