КОЈ Е БИЗНИСМЕНОТ , АМЕРИКАНСКИОТ МАКЕДОНЕЦ, ХУМАНИСТ И ДОНАТОР ЛУ ВЛАШ? (2)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Бизнисменот Лу Влашо е роден во Кентон, Охајо, а сега живее во Нејплс во Флоридаако, меѓутоа, неговата љубов кон прадедовската земја-Македонија е голема и е вкоренета од воспитувањето што го добил од неговите македонски родители кои го напуштиле родното село Брезница, Леринско, во Егејска Македонија и емигрирале во САД, големата земја, за подобра и сигурна иднина.

Лу Влашо како методист по религија беше близок пријател на починатиот македонски претседател Борис Трајковски исто така методист. Тие како религиски истомисленици помогна во ширењето на визијата на Претседателот за Светската конференција за градење дијалог меѓу религиите во Македонија и во светот, која трае до денес. Повеќе од една деценија, Влашо беше активно вклучен во Годишниот национален молитвен појадок (НПБ) во Вашингтон, Д.Ц. и беше инструмент во воспоставувањето на Појадокот за гостите од Балканот. Заедно со неговиот личен пријател и поранешен сенатор од Охајо, George Воинович, тој беше ко-претседател на годишниот ручек, на кој присуствуваат над 100 лица годишно од Балканот.

Во неговото монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“, се вели дека кариерата на Лу Влашо како раководител се протега во период од педесет години на разни работни места во корпорацијата „Форчун 400“ (Fortune 400), и во компании во приватна сопственост. Овластен сметководител во менаџмент (ЦМА), звание кое му било доделено во 1975 година. Роден е во Кентон, Охајо, од родители кои емигрирале од Егејска Македонија во Соединетите Американски Држави, барајќи подобар живот.

Пораснал во Кентон, основал семејство и поголемиот дел од својата работна кариера го поминал во Трој (Troy), Охајо. Сега живее во Нејплс (Naples), во Флорида. Иако поголемиот дел од животот го посветил на својата кариера и на општествено корисна работа, тој никогаш не ја заборавил татковината на своите родители и дал значителни придонеси за Македонија и македонскиот народ. Тој бил почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.

Лу – Илија, како родителите и блиските роднини го викаа, има огромна љубов кон Македонија, со што неговиот позитивен став и подготвеност е да помогне на неговата дедовска земја. Тоа особено го прави преку Хуманитарната организација „Хабитат“, која работи многу успешно во Македонија.

Тој е почесен член на одборот на „Хабитат за хуманост во Македонија“, кој обезбедува едноставни, пристојни и достапни решенија за домување за оние кои живеат во сиромаштија. Благодарение на заложбите на Лу Влашо, во 2008 година, округот Колиер (Флорида) „Хабитат за хуманост“ потпишал партнерство со „Хабитат за хуманост“ од Македонија.

Инаку, „Хабитат-Македонија“ е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На тој начин тие им овозможуваат напуштање на условите на сиромашна животна средина и подобрување на квалитетот на нивниот живот.

На оваа група сиромашни лица „Хабитат-Македонија“ им обезбедува експертиза за градба како и градежни материјали што ќе им овозможи поседување на сопствено живеалиште по отплаќањето на бес каматниот кредит.

Во настојувањето да го збогати и подобри животот на сиромашните, т.е. нивниот партнер – семејства и нивните заедници, сите здружени во оваа мисија се водени од четири суштински вредности – Посветеност, Почитување, Интегритет и Надзорство (грижа).

Лу Влашо (Lou Vlasho) е роден Американец, но Македонец по потекло од селото Брезница, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е интелектуалец, бизнисмен, хуманист, познат и признат во американското општество, како и почесен конзул на Република Македонија за Флорида. Тој е познатиот Американец кој даде значителен придонес за македонската каузи и го посвети својот живот во служба на човечкото општество.

Селото Брезница од каде му се корените на семејството на Лу – Илија, како родителите и блиските роднини го викаа. Тоа се наоѓа на околу четириесетина километри на западната страна од Лерин кон албанската граница. Тоа е чисто македонско село и е на северозапад од селата Смрдеш и Б’мбел, недалеку од градот Билишта во Албание. Во него имало 120-тина куќи, кои, за жал денес се празни зјапаат и зборуваат за големата тага на Македонците од Брезница кои од многу причини се преселиле за секогаш во различни земји по светот.

Лу Влашо, пак, е роден на 26.05.1937 година во Кентон, Охајо. Тој е син на Зозо Е. и Атина (Тина од фамилијата Малта). Лу Влашо со сопругата Јан ги имаат децата: Винсент Тод

1isks1234

Влашо и Стивен Луис Влашо. Инаку, Кентон, каде Лу Влашо е роден и го помина своето детство e сместен на околу стотина километри јужно од Кливленд и триесеттина километри јужно од Акрон во североисточен Охајо. Според пописот во 2010 година, бројот на населението бил 73.007, со што Кентон според бројот на жители е осми меѓу градовите во Охајо.

Кентон е главно познат по тоа што 25-тиот американски претседател Вилијам Мекинли ја спроведе познатата кампања, што го освои претседателството во Соединетите Американски Држави на изборите во 1896 година. Исто така, градот е познат по Националниот меморијал центар „Мекинли“ и Претседателската библиотека и музеј „Вилијам Мекинли“, кои го одбележуваат неговиот живот и претседателствување. Кентон бил избран и за Националното историско место на Првите дами, главно, во чест на неговата сопруга Ида Сакстон Мекинли.

Лу Влашо го завршил своето образование во неговиот роден град Кентон и дипломирал Сметководство на Универзитетот Охајо во Охајо, лоциран во местото Атина Охајо, во 1959 година. Во својата кариера имал различни позиции за управување со финансии и управување со системот „Хобарт Корпорацијата“, Троја, Охајо, 1959-1982, а бил потпретседател и контролор од 1982-1984 година. Бил помлад потпретседател на „Голд Бонд, АД, Грин Беј“, во Висконсин од 1984-1986година. Потоа бил уредник на „Водичот за сметководствено управување“ во 1983 година. Инаку, во политиката, тој а член на Републиканската партија, а по религија припаѓа на Методистичкта христијанска црква и голем познавач  на Библијата. Како и на Стариот и Новиот Завет.

Во период од педесетина години Лу Влашо бил на високи позиции во бројни компании и различни организации во повеќе држави на САД. Во исто време Влашо бил силен поборник за независноста на Македонија. Меѓу другото, тој помогна во олеснување на програмите за стипендии на Универзитетот во Охајо, кои им овозможија на бројни македонски студенти, кои добија стипендија, во САД. која донесе бројни македонски студенти кои добија стипендии во САД. Неговата визија за менторство на овие студенти помогна тие да се интегрираат во американското општество и да бидат еден вид амбасадори за Македонија.

Иако, тој го посвети најголемиот дел од животот на неговата кариера и служба во американската заедница, тој никогаш не ја заборави татковината на своите родители – Македонија. Затоа, Лу Влашо беше силен поборник за независност на Македонија, признание по државата што прогласи независност и патот кон членството во НАТО.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН