Мицкоски на средба со компаниите членки на МАТТО

Економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од лидерот на партијата  Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со компаниите членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави својата економска програма, но ќе ги слушне и предлозите како и сугестиите на стопанствениците.

Средбата е на покана на МАТТО, а пред две недели ваков работен состанок беше одржан и со економскиот тим на СДСМ, предводен од претседателот на партијата Зоран Заев.