Со претставата „Необична вечер“ од Жан-Клод Каријер, во изведба на театарот „Стерија“ од Вршац, Србија, вечер ќе заврши Интернационалниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
На програмата синоќа беше претставата „Самци и самици“ на Агенција за сценски изведби „Студио призор“ од Белград, а салата во Центарот за култура се исполни до последно место. Присутните уживаа во двочасовната комедија на Радомир Вукотиќ.
– Фестивалот живее на сцената единаесет години и од година во година се зголемува интересот на публиката, но и бројот на вечери на прикажување на претставите, како и придружната програма. Иако нема театар, Крива Паланка живее со и за театарот во деновите на подготовка и одржување на фестивалот, рече Антонио Давитковски од Организацискиот одбор на фестивалот.
На годинашното издание учествуваа по два театра од Бугарија (Дупница и Враца) и од Србија (Белград и Вршац), како скопскиот Драмски театар и велешкиот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот”.