Во Музејот на современата уметност во Скопје, вечерва во 19:00 часот, предавање ќе одржи Марк Басин, професор на Универзитетот „Содерторн“ во Стокхолм и визитинг професор на Универзитетот „Упсала“, како и соработник на Шведскиот институт.
Истражувачките интереси на Басин се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија.
– Предавањето со наслов „Политизација на пејсажот“ се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на Соцреализмот во Русија. Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општествена трансформција, природата претставува една од главните перокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до раните 1950-ти, кога „Сталинистичката политичка естетика“ тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот, се наведува за предавањето на Басин.