ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ –  IV ДЕЛ

 

Пизистрат бил Хипократов син, кој владеел со Атина седумнаесет години (560-543), односно трипати бил избран за тиранин и трипати бил протеруван (шеснаесет години).

Неговиот период се смета за најславен во историјата на Атина, а тој како најголем политичар (Папаставро, 1972 г., 124). Аристотел (Полит. 2, 7) за него вели дека бил “голем хуманист, милостив и демократски етичар, способен политичар и војсководец”. Покрај тоа, Пизистар бил прв кој ги собрал Хомеровите дела. Умрел во 528-527 година пред Христа.

***********************

По неговата смрт, владател (архонд) на Атина станал неговиот син Хипиј, кој управувал со државата до 520 година пред Христа. Го наследил неговиот син Хипарх, до 514 година пред Христа. Времето на Пизистратидите претставувало највисок степен на атинската, па и на грчката цивилизација во архаичниот период. Со Пизистратидите се завршил периодот на тираните, кога со помош на дорската-елинската Спарта на сцена стапува наредната Нелејска фамилија, Алкмеониди.

Алкменоидите биле потомци на  Алкмеон, внук на Трасимед. Имено, Трасимед, заедно со својот брат Антилох, го придружувале својот татко Нестор во Тројанската војна. Антилох во војната загинал жртвувајќи се за да го спаси татка си и бил погребан на Хелиспонт, заедно со Ахил и Петрокле. По разурнувањето на Троја, Трасимед среќно се вратил во родниот Пил (Хомер, I, 1, 8, IX и понатаму). Трасимед бил татко на Сил и дедо на Алкмеон, предок на атинското семејство Алкмеониди. Бил погребан во Пил (Паусанија, II, 18.IV. 36).

Алкмеон бил последен доживотен архонт на Атина, 757 година пред Христа. Негови потомци биле: Мегакле, Клистен, Клиниј, Перикле, Клиниј II, Алкибијад, Клиниј III и др. Ќе наведеме позначајни личности од ова големо братство.

Мегакле бил атински политичар и архонт. Бил познат по тоа што во 612 година пред Христа ја уништил Килоновата странка. Неговиот внук, под исто име, бил противник на Пизистрат, додека, пак, правнукот бил дедо на Алкибиад.

Клистен бил син на Мегакле и Агариста, глава на Алкмеонидите во Атина. Извршил реорганизација на општествениот систем и ја зацврстил демократијата.  Новата демократија на Атина наишла на реакција на конзервативната Спарта, па дошло до воен судир. Заради оваа криза дошло до сојузништво меѓу Атина и Персија, а подоцна и до грчко-персиските војни, 490-479 година пред Христа.

Меѓу значајните Алкмеониди спаѓа и Перикле (499-429). Бил син на Ксант и Агариста, најславен демократски државник на Атина, претставник на златниот Периклев период; на класичната грчка цивилизација. Водач на демократската партија во Атина. Владеел цели дваесет години. Спровел крупни демократски, политички и економски реформи. Бил мецена на филозофијата и уметноста.

Ја разубавил Атина со величенствени градби на Акропол (Пантеон, Пропилеј итн.), ја зацврстил одбраната на градот со тврдини како што биле “Долгите sидови” до Пиреја и сл. Покрај тоа, им помагал на значајни уметници како што биле скулпторите Фидиј и Мирон, сликарите Аполодор и Полигнот, филозофот Анаксагор и др. Умрел во 429 година пред Христа во Атина.

Роднина на Перикле бил Алкибиад (450-404), син на Клиниј, познат Атињанин, ученик на Сократ. Бил многу надарен, станал атински војсководец и државник и наследник на Перикле. Тој бил претставник на новата генерација софисти. Како одличен говорник, успеал да ги наговори Атињаните да ја обноват војната против дорска-елинска Спарта, 415 година пред Христа, па така започнала Втората Пелопонеска војна, кобна за Атина. Војувал против Сицилија, а бил сменет од високото место бидејќи бил обвинет дека ги навредува боговите.

Пребегнал кај Спартанците кои, благодарејќи му нему, тешко ги поразиле Атињаните, но сепак се смирил со нив во 408 година пред Христа. И повторно станал воен заповедник. Животот го завршил во Мала Азија, каде што го убиле Персијците по налог на Спартанците.

Неговото предавство на демократска Атина и пребегнувањето во аристократските земји Спарта и Персија, претставуваат типичен пример на човечката совест во периодот на пропаѓањето на грчкото робовладателско општество, непосредно пред потпаѓањето на Грција под власта на Македонија.

Следни потомци на славните пилски кралеви Нелејци, од лозата на Нестор, биле Кодридите. Тие свој патроним добиле од Кодро, митски крал на Атина, кој бил син на Мелант.

Во митологијата Мелант бил потомак на Нелај, син на Андропомп и Хениона. Татко на споменатиот Кодро (Херодот, I, 147). Бил владател во Месенија се’ до доаѓањето на Дорците-Хелените, 1104 година пред Христа. Пребегнувајќи во Атика со некои свои поданици, станал крал на Атина, наместо дотогашниот крал Тимета, брат или зет на тројанскиот крал Пријам.

Тимет бил последен потомак на Тезеј, домородец од кралската лоза Пелазги. Бидејќи за време на војните меѓу Атињаните и Фениќаните од Теба, околу градот Еноја на североисток на Атика, ниту една страна не победила, било решено војната да се реши со двобој меѓу кралевите. Тимет не се осудил да излезе на двобој и ветил дека ќе ја предаде власта над Атина на оној јунак кој ќе го победи тебанскиот крал Ксант. Мелант ја прифатил борбата наместо кралот Тимет и во жесток судир го победил противникот. Во знак на благодарност за извојуваната победа над Тебанците, Атињаните го избрале Мелант за крал.

По смртта на Мелант, неговиот син Кодро станал крал на Атина, со која владеел дваесет и една година. Имал двајца синови, Медонт и Нелеј. Легендарниот крал Кодро загинал храбро борејќи се против Дорците-Хелените, кои навлегувале од Пелопонез. Бил убиен пред градската капија на Атина, околу 1091 или 1088 година п.н.е. Кодро го наследил неговиот постар син, Медонт.

Меѓу браќата дошло до кавга околу престолот. Заради тоа, а и заради се’ посилниот, пробив на новите освојувачи Дорци, од Пелопонез и од Дриопида-Дорида, Нелеј-Помладиот, со бројни Атињани од Атина и Атика, како и од Пелопонез, ја напуштил Грција и мигрирал во југозападниот дел на Мала Азија, 1044 година пред Христа. Таму, емигрантите основале “Сејонски сојуз” од дванаесет градови, со Милет како главен град. Во многу од овие градови Кодридите станале кралеви (Херодот, I, 147).

Овие Кодриди, потомци на тесалиските и месенските Подунавци, со Ахејците и другите староседелци, во нови услови на источните брегови на Егеј, ги удриле темелите на својата нова култура, а, пред се’, на својот палобалкански јазик, познат како јонски дијалект, а ги пренеле и своите олимписки богови. Јонаните први го прифатиле феникиското писмо меѓу 900-700 година пред Христа.

И покрај маведените миграции во X век пред Христа, многу Кодриди, потомци на Медонт-Медонтидите и Нелејците-Пизистрадидите и Алкмеонидите, опстанале во Атина и Атика и тие можат да се следат до IV век пред Христа. Томсон (1954 година, 126), цитирајќи го Петерсон (Questiones de historia gentium Atticarum, Scheswing, 1880), наведува дека во тоа време генеолошкото дрво само на Кодридите опфаќало 32 генерации. Меѓу најзнаменитите спаѓаат Солон и Платон.

 

Аполо, богот на светлината.

Солон (638-559) бил син на Ексикестид, од Медонтовото стебло на Кодридите. Бил еден од седуммината грчки мудреци. Се истакнал во велетрговијата и политичките борби во Атина меѓу аристократите и демосот. Во 594/3 година пред Христа станал законодавец и реформатор. Неговите робовладателски закони постигнале врв во периодот на Перикле и опстанале се’ до периодот на Александар Македонски во Александрија. Тие станале почетна основа на историскиот развој на идејата за држава во Европа.

Платон или Аристотел, (427-347) бил син на Кодридот Аристон и Периклиона. Станал голем филозоф и основач на филозофската школа, Академија, во Атина.

Сржта на неговата филозофија ја сочинува учењето за идеите како непроменливи мисловни суштества на светот, додека “сетилните нешта” претставуваат само нивни “сенки”. Врвна идеја е идејата за благосостојбата, која е идеја само на божествата, додека врвна вештина е мудроста. Според Платон, методот на барање на вистината е дијалектиката како вештина на споредување и анализи. Најпознати творби на Платон се: “За државата”, “Гозба”, “Одбраната на Сократ”, “Менон”, “Симпозиум”, “Тимеј” и др.

Платон бил Сократов ученик и учител на Аристотел. Платоновата академија како филозофска школа постоела до 529 година по Христа, кога како паганска институција ја укинал царот Јустинијан.

Продолжува …
Академик А.Шкокљев-Дончо

One thought on “ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ –  IV ДЕЛ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *