– Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат со измислување нови, нелогични барања, со кои се обидуваат повторно да ја вратат амнестијата за Никола Груевски.
Амнестија нема да има. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат дали се за НАТО и ЕУ или против!
Доколку навистина е за ЕУ и НАТО Мицкоски ќе ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на над 600 илјади граѓани да ги поддржат процесите во Собранието кои водат до полноправно членство.
Над 600.000 граѓани јасно се определија за иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција. Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО ДПМНМЕ се должни да ја следат мнозинската волјата на граѓаните.
Во Македонија може да се живее подобро единствено ако државата влезе во НАТО и ако продолжи цврсто на патот кон членство во ЕУ.
Затоа, сите членови на парламентот, сите пратеници имаат обврска, имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку преспанскиот договор.
Ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжат со неодговорното однесување, ако ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка државата во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш.
Доколку Мицкоски продолжи со измислувањето нови нелогични барања, фокусиран на амнестијата, тоа ќе биде јасен знак дека сака да го блокира патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
Тогаш единствен начин се предвремени избори кои мора да бидат организирани веднаш за доброто на земјата. Мицкоски нема да може избега од волјата на граѓаните.