70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДАЕР

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен да исплати сума од 70 милиони евра како обештетување за Тотенхем, за нивниот фудбалер, Ерик Даер. Подолго време Мурињо кубури со последен играч за врска. Од причина што е импресиониран од играта на Даер на таа позиција, португалецот реши да повлече потег и да понуди навистина голема сума. Но, од Тотенхем засега молчат. Раководството на клубот и менаџерот Покетино, сакаат да го задржат тимот од минатата сезона за конечно да бидат конкурентни во битката за титулата во Англија. И уште повеќе. Покетино сака во своите редови да го види и Матео Ковачиќ од Реал Мадрид, за да ја комплетира екипата, така што навистина е тешко да е поверува дека би се откажал од еден таков играч каков что е Даер.