Изјавите со заканувачки тон за иднината на земјата и на регионот од страна на Министерството за надворешни работи на Русија, кои доаѓаат токму во времето кога Република Македонија се наоѓа во една многу значајна, дури и историска фаза, кога се очекува да се реши проблемот на името со соседна Грција и членството на земјата во НАТО, за Движењето БЕСА не служат воопшто на стабилноста на регионот, а особено не на добрите односи помеѓу двете земји.
БЕСА смета дека зачленувањето на Македонија во евро-атлантските структури е стратешка определба на нашата земја и широко прифатен консензус. Затоа секоја заканувачка изјава кон оваа определба е исто така непочитување на волјата на граѓаните на Република Македонија да живеат во европското семејство покрај демократските вредности и универзалните човекови права. Во овој процес партнерството и пријателството на Албанците со САД и ЕУ се моќен гарант за европската иднина на Македонија.
Движењето БЕСА останува на определбата дека Република Македонија треба да биде посветена во градењето на здрави и стабилни односи со соседските земји, но и со сојузничките држави, секогаш врз основа на заедничкиот интерес и интересот на нашите граѓани.