ЕК очекува законот за јазици да се испрати до Венецијанска комисија

Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот 3-6-9, и го нотира вчерашното усвојување, изјави за МИА портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

– Имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди, вели Коцијанчич.

Додаде оти очекувањата на Европската комисија се Собранието сега да се фокусира на реформите и да се напредува во ЕУ агендата.