Фудбалери од Македонската Дијаспора што играле за Македонија

Во изминативе 28 години од стекнувањето на независноста,
најдобрата Македонска фудбалска репрезентација беше засилена со голем број на фудбалери кои иако се родени или израснати во странство сепак одлучија
да настапуваат за Македонија на интернационално ниво.
Во соработка со специјализираната интернет страница за фудбал
Macedonian Football, сакавме да им оддадеме почит на овие фудбалери
на тој начин што креиравме тим од фудбалери кои што играле за Македонија во изминативе години.
Ова е најдобриот тим од дијаспората кој што заиграл за Македонија:
1. Орхеј Ока Николов 25.05.1974 Германија
– Ја заврши кариерата и работи како помошен тренер во Филаделфија Јунион,САД.
Николов е роден во Ербах им Одевалд,Германија но, по потекло е од село Дабиле,
Струмица.
На сениорско ниво има настапувано во Германија (Ајнтрахт Франкфурт) и
САД/Канада (Филаделфија Јунион, Форт Лодердејл Страјкерс).
Има 5 настапи за А
репрезентацијата на Македонија на пријателски напревари.
Тој се откажа од македонскиот пасош во корист на германскиот и поради тоа не продолжи да брани за Македонија;
Орхеј Ока Николов
Орхеј Ока Николов
2. Даниел Георгиевски 17.02.1988 Австралија
– Настапува за Вестерн Сиднеј Вондерерс.
Роден е во Блектаун,Австралија но, по татко е Македонец.
Георгиевски има 22 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Хрватска (Меѓимурје, Шибеник),
Романија (Стеауа) и Австралија (Мелбурн Виктори, Њукасл Џетс, Вестерн Сиднеј Вондерерс).
Има освоено 2 титули и 1 супер куп во Романија со Стеауа, 1 титула и 1 куп во
Австралија со Мелбурн Виктори.
Даниел Георгиевски
Даниел Георгиевски
3. Александар Лазевски 21.01.1988 Србија
– Настапува за ОФК Вршац,Србија.
Роден е во Вршац,Србија но, по татко е Македонец.
 Има 14 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво Лазевски има настапувано во Србија (Телеоптик, Партизан Белград, Рад, Младост Лучани, ОФК Вршац), Украина (Ховерла), Словенија (Олимпија) и
Босна и Херцеговина (Слобода Тузла). Тој има освоено 6 титули и 3 купа во Србија со Партизан.
Александар Лазевски
4. Александар Митрески 05.08.1980 Швајцарија
– Ја заврши кариерата и во моментов е без ангажман.
Роден е во Охрид и на негова рана возраст семејството се сели во Швајцарија.
Има 34 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Швајцарија (Јанг Бојс, Грасхоперс, Сион, Арау) и Германија (Келн, Нирнберг).
Митрески има освоено 1 титула во Швајцарија со Грасхоперс.
Александар Митрески
Александар Митрески
5. Милан Стојаноски 15.09.1973 Србија
– Ја заврши кариерата и работи како тренер во младинската академија на Партизан Белград,Србија.
Стојаноски е роден во Стари Лец,Србија но, по татко е Македонец
по потекло од село Речица,Охрид.
Има 27 настапи за А репрезентацијата на Македонија и 1 постигнат гол.
На сениорско ниво има настапувано во Србија (Пролетер Зрењанин, Партизан Белград, Банат, БАСК, Локомотива, Ковачевац),
Израел (Беитар Ерусалим), Кипар (АПОЕЛ) и
Иран (Пегах Гилан, Шахрдари Бандар Абас).
 Има освоено 2 титули и 1 куп во СР Југославија со Партизан, 1 титула во Србија и
Црна Гора со Партизан, 1 супер куп во Кипар со АПОЕЛ.
Милан Стојаноски
Милан Стојаноски
6. Игор Јанчевски 16.10.1974 Србија
– Ја заврши кариерата и во моментов е без ангажман.
Роден е во Земун,Србија но, по татко е Македонец. Јанчевски има 28 настапи за
А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Словачка (БШК ЈАС Бардејов, Германија Валдхоф Манхајм), Белгија (Херенталс), Босна и Херцеговина (Бротњо, Челик),
Хрватска (Вартекс), Турција (Дијарбакирспор), Израел (Хапоел Назарет Илит) и
Кипар (Енозис Неон Паралимни).
Игор Јанчевски
Игор Јанчевски
7. Аријан Адеми 29.05.1991 Хрватска
– Настапува за Динамо,Хрватска.
Роден е во Шибеник,Хрватска но, неговата мајка е од село Пирок,Тетово.
 Има настапи за младинските репрезентации на Хрватска како и 3 настапи за А репрезентацијата на Хрватска(пријателски натпревари).
Адеми е актуелен член на А репрезентацијата на Македонија и досега има 14 настапи и 3 постигнати гола.
На сениорско ниво има настапувано во Хрватска (Шибеник, Динамо, Локомотива).
Тој има освоено 8 титули, 4 купа и 2 супер купа во Хрватска со Динамо.
 Аријан Адеми
Аријан Адеми
8. Марио Ѓуровски 11.12.1985 Србија
– Ја заврши кариерата и работи како тренер во Муангтонг Јунајтед,Тајланд.
Роден е во Белград,Србија но, по татко е Македонец по потекло од село Жилче,Тетово. Негов татко е поранешниот Македонски репрезентативец Милко Ѓуровски.
Тој има 12 настапи за А репрезентацијата на Македонија и 1 постигнат гол.
На сениорско ниво Ѓуровски има настапувано во Србија (Младеновац, Сопот, Бежанија, Војводина), Украина (Металург Доњецк) и
Тајланд (Муангтонг Јунајтед, Бангкок Јунајтед, Бангкок Глас).
Има освоено 1 титула во Тајланд со Муангтонг Јунајтед.
Марио Ѓуровски
Марио Ѓуровски
9. Илчо Наумоски 29.07.1983 Австрија
– Ја заврши кариерата и во моментов е без ангажман.
Роден е во Пилеп но, кога бил мал семејството се сели во Австрија.
Има 46 настапи за А репрезентацијата на Македонија и 9 постигнати гола.
На сениорско ниво има настапувано во Австрија (Стокерау, АСКО Клингенбах, Грацер АК, Матерсбург), Турција (Малатијаспор), Азербејџан (Интер) и
Македонија (Вардар Скопје).
Наумоски има освоено 1 титула и 1 куп во Австрија со Матерсбург и 1 титула во
 Македонија со Вардар.
Илчо Наумоски
Илчо Наумоски
10. Виктор Треневски 08.10.1972 Црна Гора
– Ја заврши кариерата и работи како тренер во Драва,Словенија.
Треневски е роден во Скопје но на негова 7 годишна возраст семејството се сели во
Подгорица,Црна Гора.
Има 18 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Црна Гора (Будуќност), Србија (Партизан Белград), Мексико (Пуебла), Македонија (Силекс, Пелистер) и
Словенија (Мура, Копер, Олимпија, Драва, Нафта, Малечник).
Има освоено 2 титули и 1 куп во СР Југославија со Партизан.
Виктор Треневски
Виктор Треневски
11. Езгјан Алиоски 12.02.1992 Швајцарија
– Настапува во Лидс Јунајтед,Англија.
Роден е во Прилеп и на негова рана возраст семејството се сели во Швајцарија.
Алиоски е актуелен член на А репрезентацијата на Македонија и досега има 33 настапи и 5 постигнати гола.
 На сениорско ниво има настапувано во Швајцарија (Јанг Бојс Б, Шафхаузен, Лугано) и Англија (Лидс Јунајтед).

__

Езгјан Алиоски
Езгјан Алиоски

_____________________________________________________________________________________________

РЕЗЕРВИ
12. Давид Митов Нилсон 12.01.1991 Шведска

– Настапува во Сарпсборг 08,Норвешка.

Роден е во Норчепинг,Шведска но, мајка му е Македонка по потекло од општина Росоман,Кавадарци. Има настапи за младинските репрезентации на Шведска како и 1 настап за А репрезентацијата на Шведска(пријателски натпревар).

Нилсон е актуелен член на А репрезентацијата на Македонија и досега има 1 настап. На сениорско ниво има настапувано во Шведска (Норчепинг, Силвиа, Сундсвал) и

Норвешка (Сарпсборг 08). Тој има освоено 1 титула во Шведска со Норчепинг.

Давид Митов Нилсон
Давид Митов Нилсон
13. Леонард Жута 09.08.1992 Шведска
– Настпува во Коњаспор,Турција.
 Роден е во Гетеборг,Шведска но, по потекло е од околината на Струга.
 Има 15 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво Жута има настапувано во Шведска (Хекен), Хрватска (Ријека) и
Турција (Коњаспор).
 Има освоено 1 куп во Шведска со Хекен, 1 титула и 1 куп во Хрватска со Ријека.
Леонард Жута
Леонард Жута
14. Владе Лазаревски 09.06.1983 Србија
– Ја заврши кариерата минатата година.
 Роден е во Крушевац,Србија но, по татко е Македонец
по потекло од околината на Гостивар.
 Тој има 43 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
 На сениорско ниво има настапувано во Македонија (Куманово),
Србија (Напредак Крушевац, 14 Октобар, Смедерево, Раднички Ниш, Темниќ Липа),
Полска (Дискоболија Гроцлин, Полонија Варшава), Украина (Металист, Карпати Л’вов), Хрватска (Ријека), Казахстан (Локомотив), Франција (Амиен), Албаниа (Фљамуртари), Босна и Херцеговина (Звијезда Градачац).
 Лазаревски има освоено 1 куп во Полска со Дискоболија Гроцлин.
Владе Лазаревски
Владе Лазаревски
15. Александар Дамчевски 21.11.1992
– Настапува во Арарат-Ерменија,Ерменија.
Дамчевски е роден во Стразбур,Франција но, по татко е Македонец по потекло од околината на Битола. Има 4 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Швајцарија (Луцерн 2, Криенс), Бугарија (Черноморец), Холандија (НАК Бреда), Казахстан (Атирау), Унгарија (Мезоковешд), Кипар (Ермис Арадипу) и Ерменија (Арарат-Ерменија).
Тој има освоено 1 титула во Ерменија со Арарат-Ерменија.
 Александар Дамчевски
Александар Дамчевски
16. Љубодраг Милошевиќ 12.11.1969 Србија
– Ја заврши кариерата и во моментов е без ангажман.
Роден е во Србија но, по еден од родителите има потекло од Крива Паланка. Милошевиќ има 9 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Македонија (Силекс, Башкими, Победа Прилеп, Брегалница Штип), Србија (Раднички Ниш), Белгија (Ендрахт Алст) и Кипар (Дигенис Акритас Морфу).
Има освоено 3 титули и 2 купа во Македонија со Силекс.
Љубодраг Милошевиќ
Љубодраг Милошевиќ
17. Александар Тодоровски 26.02.1984 Србија
– Настапува во Раднички Ниш,Србија.
Роден е во Краљево,Србија но, по татко е Македонец.
Тодоровски има настапи за репрезентацијата на СР Југославија до 19 години но, одлучи да настапува за Македонија во сениорска конкуренција и има 16 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Србија (Раднички Белград, Рад, Раднички Ниш), Кипар (АПОЕЛ, Дигенис Акритас Морфу, АЕЛ), Полска (Полонија Варшава, Заглебје Лубин) и Австрија (Штурм Грац).
Александар Тодоровски
Александар Тодоровски
18. Мухамед Демири 20.11.1985 Швајцарија
– Моментално е без клуб. Роден е во Берн,Швајцарија но, по потекло е од околината на Скопје. Има 25 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво Демири има настапувано во Швајцарија (Конкордија Базел, Тун, Сент Гален, Олд Бојс, Шафхаузен).
Мухамед Демири
Мухамед Демири
19. Бесарт Абдурахими 31.07.1990 Хрватска
– Настапува во Браво,Словенија.
Роден е во Загреб,Хрватска но по потекло е од село Градец,Гостивар.
Тој има настапувано за младинските репрезентации на Хрватска но, одлучи да настапува за Македонија во сениорска конкуренција и
има 12 настапи за А репрезентацијата на Македонија и 1 постигнат гол.
 На сениорско ниво има настапувано во
Хрватска (Загреб), Израел (Хапоел Тел Авив), Белгија (Локерен), Казахстан (Астана), Јапонија (Серезо Осака), Македонија (Шкендија Тетово), Албанија (Партизани), Романија (Херманштат) и Словенија (Браво). Абдурахими има 1 титула во Казахстан со Астана и 1 титула во Македонија со Шкендија.
Бесарт Абдурахими
Бесарт Абдурахими
20. Давид Бабунски 01.03.1994 Шпанија
– Настапува во Ботошани,Романија.
Бабунски е роден во Скопје но, кога бил мал семејството се сели во Шпанија поради ангажман на неговиот татко, поранешниот македонски репрезентативец Бобан Бабунски.
Има 9 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво има настапувано во Шпанија (Барселона Б), Србија (Црвена Звезда Белград), Јапонија (Јокохама Ф. Маринос, Омија Ардија) и Романија (Ботошани).
Тој има освоено 1 титула во Србија со Црвена Звезда.
Давид Бабунски
Давид Бабунски
21. Стевица Ристиќ 23.05.1982 Србија
– Ја заврши кариерата минатата година.
Роден е во Вршац,Србија но, по мајка има Македонско потекло.
Ристиќ има 18 настапи за А репрезентацијата на Македонија и 1 постигнат гол.
На сениорско ниво има настапувано во Србија (Јединство Вршац, Младост Лукиќево, Темниќ Липа), Македонија (Силекс), Република Кореја (Јеонбук Хјундаи, Поханг Стилерс, Сувон Блувингс, Јеонам Драгонс), Узбекистан (Бунјодкор),
Русија (Амкар Перм) и Јапонија (Шонан Белмар).
Тој има освоено 1 лига на шампиони во Азија, 1 куп и 1 лига куп во Република Кореја со Поханг Стилерс), 1 куп во Узбекистан со Бунјодкор.
Стевица Ристиќ
Стевица Ристиќ
22. Драган Чадиковски 13.01.1982 Србија
– Настапува во Слога Велики Црљени,Србија.
Роден е во Белград,Србија но, по татко е Македонец по потекло од Дебар.
Има 8 настапи за А репрезентацијата на Македонија.
На сениорско ниво Чадиковски има настапувано во Словенија (Публикум, Марибор, Целје, Рудар, Олимпија, Копер, Домжале),
Србија (Партизан Белград, Раднички Крагујевац, Колубара, Слога Велики Црљени), Република Кореја (Инчеон Јунајтед), Босна и Херцеговина (Вележ) и Австрија (Глеинштатен).
Има освоено 2 титули и 2 купа во Србија со Партизан.
Драган Чадиковски
Драган Чадиковски
23. Филип Гачевски 17.08.1990 Словенија
– Настапува за Вардар Скопје,Македонија.
Роден е во Мурска Собота,Словенија но, по татко е Македонец.
Има неколку повици во А репрезентацијата на Македонија но засега е без настап.
На сениорско ниво има настапувано во Словенија (Мура 05), Австрија (Капфенберг, Капфенберг 2, Лустенау) и Македонија (Брегалница Штип, Вардар Скопје).
Гачевски има освоено 2 титули во Македонија со Вардар.
Филип Гачевски
Филип Гачевски
Уште петмина фудбалери го имаат облечено дресот на најдобрата репрезентација на Македонија. Тоа се:
Никола Ѓорѓев 22.08.1997 Швајцарија / 5 настапи
Јани Урдинов 28.03.1991 Белгија / 3 настапи
Предраг Ранѓеловиќ 02.03.1990 Србија / 3 настапи
Перица Станчески 29.01.1985 Србија / 1 настап
Зоран Стојчевски 04.03.1971 Шведска / 1 повик но, без настап
—————————————————————————————-
Автор: Јован Трпчески
SHARE