Дураки на Конференција за еко инвестиции за квалитет на воздухот во Софија

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска и утре ќе престојува во Софија, Бугарија, каде што ќе учествува на Конференцијата за еко инвестиции за квалитет на воздухот.

Во рамките на посетата, како што соопшти МЖСПП, министерот Дураки ќе оствари работна средба со бугарскиот министер за животна средина и води, Нено Димов и ќе ја посети депонијата за третман на отпад во Софија.