Бернс: Интеграциите важни за иднината на Северна Македонија

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс одржа предавање по повод 25 години од основањето на Универзитетот во Тетово, а со тоа и толку години партнерството меѓу нејзината земја и високообразовната институција. Таа ги потенцираше потребите за интеграции на студентите но и на сите жители на Северна Македонија.

-Универзитетот има бизнис програма која им треба на младите кои потоа ќе ја водат оваа земја. Факултетите со тоа создаваат услови од кои придобивки ќе има иднина на земјата. Давањето важност на владеењето на правото ќе воспостави систем кој ќе биде основа во иднина лесно да се привлечат странски инвестиции, рече Кејт Мери Бернс.

Амбасадорката подвлече дека важна е и државната интеграција во евро-атлантските структури. Следно е полноправно членство и партнерство на Северна Македонија и САД.

-Разочарување беше за Вас, но и ние бевме разочарани и сметаме дека е грешка одлуката да нема датум за почнување на преговори. Се надеваме дека ЕУ ќе ја поправи таа грешка, бидејќи тоа е стратешка одлука на Европа и на Македонија. Мора да се признае напорната работа во државата за интеграциите, рече таа.

Создавањето на добар систем на државата е единствениот начин да се зачуваат младите дома, потенцираше Бернс.

-Младите луѓе треба да ја видат тука својата иднина и да бидат следните лидери во земјата. Луѓето низ државата сакаат да се фокусираат на иднината, сакаат одговори, сакаат можности и сакаат системот и институциите да ги подджат тие нивни напори и да ги поддржат тие промени. Се надевам дека ќе го употребите вашиот глас и ќе ја обезбедите иднината што ја заслужувате, рече амбасадорката.

Американката амбасадорка доби подарок од ректорот Вулнет Амети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *