Прилепски „Комуналец“ интензивно ги чисти дивите депонии во градот

Прилепски „Комуналец“ е во интензивна акција на чистење на дивите депонии во градот, нагласи денеска в.д директорот Ирена Станкоска која ја надгледуваше акцијата на чистење околу прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ каде, како што рече, ситуацијата е многу лоша.

-Ситуацијата е многу лоша околу Основното училиште „Гоце Делчев“.  Има многу смет. Истото е и на други места во градот. Акцијата почна од 7 февруари и досега се чисти систематски, а не кампањски, рече Станкоска.

Од 7 февруари се чисти систематски во прилепските населби.

-Прва населба која ја исчистивме беше населбата „Бончејца“. Во моментов се работи во населбата „Тризла“, а чистевме и дел од населбата „Точила“ каде се продолжува со чистењето. Денес со општествено одговорните претпријатија „Прилепско поле“ и КН „Елмонт“ продолжуваме забрзано со работата, објаснува Станкоска.

Од прилепски „Комуналец“ ги замолуваат граѓаните да се однесуваме поодговорно. Ако пријават смет во домовите, бесплатно ќе биде изнесен.

 -Ги замолувам граѓаните доколку имаат смет за изнесување, бесплатно ќе го подигнеме од нивните домови. Ќе го чистиме цел Прилеп континуирано. Но откако ќе исчистиме, по ден-два повторно никнуваат дивите депонии, рече Станкоска.

Станкоска признава дека треба комуналниот инспекторат да ја контролира ситуацијата и да казнува, но најбитна е свеста на граѓаните, зашто колку и да се чисти, не може да се стигне ако постојано се растура сметот низ градот и населбите. Исчистени се повеќе од 50 тони смет.

-Казните не зависат од нас. И ние би имале помалку работа доколку функционираат казните, комуналната инспекција, па и од полицијата. А, пред сѐ, зависи од свеста на граѓаните. Не се знае колку тони смет се исчистени, но ако речам дека се исчистени 50 тони, ќе биде малку. Чистењето е отежнато и поради зимската сезона. Солта и гранулатот од зимското одржување на улиците рачно треба да се исчистат. Во моментот се мијат, и приоритет се, главните сообраќајници во градот, а потоа ќе се мијат и споредните улици. Акцијата е во тек, објаснува Станкоска.

Прилепски „Коминалец три дена интензивно, прво работеше на подигање на скелињата.