Домаќинските задолженија го продолжуваат животот на жените со три години, но за машкото здравје нема особена корист, објави Мејл он сандеј, повикувајќи се на холандски научници.

Според резултатите од истражувањето на тим од универзитетскиот медицински центар во Ротердам, за мажите е подобро да се занимаваат со градинарство, отколку да чистат или да перат.
Хортикултурата им обезбедува на мажите 2,7 години екстра живот.
Работата на отворено има незначителна корист за жените.
Можно е сепак резултатите од истражувањето да се такви, бидејќи жените повеќе поминуваат време во домаќинство отколку мажите, додаваат научниците.

За истражувањето научниците следеле 7.000 мажи и жени неколку децении.