200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КЕЈН?

Претседартелот на Реал мадрид, Флорентино Перез, подготвува втора по големина понуда во историјата на фудбалот. Првата како што веќе се знае ја имаше ПСЖ кон Барселона, во висина од 220 милиони евра за Нејмар, а сега ќе ја добие Тотенхем за хари Кејн.

Реал сака со ангажманот на Кејн да добие фудбалер на подолго време и тоа на повеќе позиции во нападот.

Сега останува да се сочека следниот преоден рок и да се види дали Реал навистина ќе ја даде посочената понуда до Тотенхем, но и дали Тотенхем ќе сака да го продаде својот напаѓач кој одлично ја почна сезоната со шест гола на седум средби.