Почитувани,

 

Македонската Алијанса му го честита изборот на Рон Десантис за нов Гувернер на Флорида.

 

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, како долгогодишен пријател и соработник на Гувернерот Рон Десантис, беше активно вклучен во неговата кампања.

 

Македонија и до сега и отсега ќе продолжи да има силна поддршка од Гувернерот Рон Десантис, човек од доверба на 45-от претседател на САД, Доналд Трамп. Тој претходно како Конгресмен беше член на Комитетите за надворешна политика, за надзор и владини реформи на Американскиот Конгрес и претседаваше со Поткомитетот за Национална безбедност на САД во чија надлежност е надзорот врз Државните ресори за надворешни работи, одбрана и безбедност, како и контрола врз УСАИД. Благодарение на заложбите на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, новиот Гувернер на Флорида е добро запознаен со околностите во Македонија.

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој веќе со децении води успешен бизнис во САД, како политичар кој има трајни врски со Републиканската партија, со несмален интензитет ќе продолжи и понатаму да ја користи својата професионална позиција за лобирање за стратешките интереси на Македонија и Македонскиот народ.

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

 МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE