“13 НОЕМВРИСКИ” НАГРАДИ ЗА НАЈЗАСЛУЖНИТЕ

Град Скопје ги додели “13 ноемвриските” награди за најзаслужните во областа на спортот. Секако како што можеше и да се очекува, најголемиот број (3) му припаднаа на Европскиот шампион во ракомет, машката екипа на Вардар. Стојанче Стоилов ја доби наградата за најдобар спортист, Раул Гонзалес е прогласен за најдобар тренер, а машката екипа на Вардар е избрана за екипа на годината.

Во склад со критериумите за избор и доделување на награди, признанија добија:

Професор по физичко воспитување- Јованче Бизимовски

Тренер по кошарка- Џелал Красниќи

Спортски работници- Крсте Војнески и Назим Куртовиќ

Спортски работници, награда за животно дело-Насе Кондовски, Јован Јовановски, Александар Анастасов и Златко Калински

Спортски лекар- Др. Боро Илиев