12 000 ЕВРА КАЗНА И СУСПЕНЗИЈА ЗА “СОКОЛИ”

Раководството на АБА – лигата го казни македонскиот вицепрвак, “Карпош Соколи” со 12 000 евра и суспензија поради изјавата на  претседателот Огнен Дедиќ, дадена за клупската веб страна, во која ги критикуваше челниците на АБА лигата. Одговорот стигна многу брзо.

-Поради изречените навреди “Карпош Соколи” како клуб се казнува со 12 000 евра, а се чека одлуката на клубовите кои по предлог на раководството на Лигата колку време ќе трае суспезијата на Карпош Соколи од сите натпреварувања кои се организирани од АБА-се вели во соопштението на АБА-лигата.

Критиките на Дедиќ кон АБА, беа упатени поради тоа што по завршување на минатата сезона, беа сменети правилата. Според новите, во лигата требаше да учествуваат само клубовите основачи на лигата. Како компензација на Карпош Соколи му беше понудено да игра во Втората АБА -лига, што беше навредливо за нашиот клуб. Тогаш Дедиќ ги нарече челниците на АБА лигата “канализациски шљам”.