Груби: Се чека вистинскиот момент за импичмент на Иванов

Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска рече дека импичментот за претседателот на државата Ѓорге Иванов е подготвен, но дека се чека „вистинскиот момент“ тој да биде доставен до Собранието.

– Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпатор кој нема легитимитет посебно кај Албанците да ја суспендира работата на Собранието кога целиот демократски свет го поздрави Договорот, рече Груби.

Иванов, според него, предводи малка група која е против евроатлантска интеграција на земјата.

Пратеникот на ДУУ исто така посочи дека се прават консултации со повеќе правни и уставни експерти за да се избегне блокадата од Иванов, ако и по повторното изгласување, не стави потпис на Указот за ратификација на Договорот со Грција.