ФЕРНАНДО ТОРЕС СЕ ВРАЌА ВО ПРЕМИЕР-ЛИГАТА?

MADRID, SPAIN - MAY 21: Fernando Torres of Atletico de Madrid celebrates after scoring the opening goal during the La Liga match between Club Atletico de Madrid and Athletic Club Bilbao at Vicente Calderon stadium on May 21, 2017 in Madrid, Spain. (Photo by Patricio Realpe/LatinContent/Getty Images)

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, во јануарскиот преоден рок би можел да се врати во Премиер – лигата во дресот на Њукасл. Желбата на Рафа Бенитез да го има Торес во својата екипа е голема, но сега интерес за него почнува да покажува и Саутемптон.

Атлетико Мадрид нема да прави никакви проблеми околу евентуалното заминување на Торес. Ионака Диего Симеоне не сметаше на него премногу во изминатото првенство, а во ова уште помалку, па така Торес досега одигра само околу 180 минути. И не само тоа, туку од јануари следната година, право на настап во Атлетико ќе добие и Диего Коста, па оттука станува јасно дека Торес е сосема на трансфер листата.

Доколку се случи овој трансфер, ова ќе биде трето враќање на Торес во Премиер – лигата. Досега настапуваше за Ливерпул и Челзи.