ДАЛИЌ ОСТАНУВА СЕЛЕКТОР НА ХРВАТСКА

Претседателот на Хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер, потврди дека Златко Далиќ ќе ја предводи хрватската репрезентација на претстојното светско фудбалско првенство кое следната година ќе се одржи во Русија.

Далиќ го презема националниот тим на хрватска пред бараж натпреварите со Грција, откако неговиот претходник Анте Чачиќ не успеа да обезбеди директен пласман на СП, иако Хрватска долго време имаше идеална позиција за такво нешто. За многу кусо време, Далиќ ја среди атмосферата, ја врати самодовербата кај фудбалерите, успеа во два меча (4-1, 0-0) да ја елиминира селекцијата на Грција и да ја однесе својата екипа на СП.

-По разговорот со Далиќ можам да потврдам дека тој ќе ја предводи Хрватска на СП во Русија-изјави кратко Шукер.

Единствено нешто што го побара Далиќ во овој разговор е во стручниот штаб да биде вклучен и Дражен Ладиќ, поранешен голман на репрезентацијата кој е познат како голем критизер на работата на Хрватската фудбалска федерација