Градоначалниците на Сараево и Скопје ќе потпишат спогодба за збратимување

Спогодба за збратимување меѓу Град Скопје и Град Сараево ќе биде потпишана денеска во Националната галерија Даут-пашин амам.

Спогодбата ќе ја потпишат градоначалниците на Скопје и на Сараево, Петре Шилегов и Абдулах Скака.