АНДОНОВА СЕ ПОДОБРА ВО БАРСА

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, игра се подобро во дресот на Барселона. Во последното коло, на натпреварот со Мадрид, таа беше стрелец на еден седумте гола кои “Барса” ги постигна на оваа средба. Натпреварот заврши 7-0 за Барселона, а нашата репрезентативка во 35 минута од средбата беше стрелец на третиот гол.

Ова беше шести натпревар кој нашата фудбалерка го одигра во дресот на Барса, а веќе постигна два гола. Барселона е засега на делба на првото место на табелата заедно со Атлетико Мадрид.